gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Фондацијата проф. д-р Ванчо Чифлиганец, донација за семејството Трајкови

Ивана и Јован Трајкови од Дедино, Општина Конче, денес се вратија на семејното огниште, вселувајќи се во нов дом кој на место на старата куќа што целосно изгоре во пожар минатиот декември, им го изгради и подари Фондацијата проф. д-р Ванчо Чифлиганец. Донаторот, д-р Чифлиганец, генерален директор на Адора инженеринг, по традиционалното православно осветување на новиот дом, на Трајкови им порача дека како човек од радовишкиот крај, секогаш близок и отворен за проблемите на граѓаните, за оваа хумана мисија бил поттикнат од древната традиција на македонскиот народ да биде солидарен со луѓето во невоља, што им помогнало да опстанат и на неговите дамнешни претци.

„Новиот дом за Трајкови во Дедино, го изградивме со многу љубов и желба да им помогнеме на Ивана и Јован, да издржат во најтешките моменти и пет месеци по пожарот да го продолжат животот во нов, убав, квалитетен и современ дом, што го подигнавме над пепелот на старото семејно огниште. Секој може да биде погоден од несреќа, но човечки е да си помагаме, а Трајкови во нивната деветта деценија заслужуваат да живеат достоинствено, сигурно и спокојно, во дом изграден со врвна стабилност и цврстина, со највисок квалитет, како прв енергетски ефикасен станбен објект од високата А класа во општините Конче и Радовиш. На брачниот пар Трајкови им посакувам во новиот дом безгрижно да ги минат пензионерските години со бериќетен благослов за нив и нивните потомци“, порача проф. д-р Ванчо Чифлиганец предавајќи им го новиот дом на Трајкови.

„Немам зборови да ја искажам нашата благодарност до Чифлиганец, човек од нашиот крај, кој дојде и не посети веднаш по пожарот, ги слушна нашите маки и ни подаде рака со помош. Огромна е нашата среќа што благодарение на неговата хуманост и човечност, за брзо време се подигна нова куќа над пепелот од старата и по зимата што ја минавме кај соседите, летото ќе го дочекаме во нашиот нов прекрасен и опремен дом“.-порача Ивана Трајкова.

За обновата на опожарениот дом на Трајкови Фондацијата проф. д-р Ванчо Чифлиганец вложи 25 илјади евра, а во изведбата беше вклучена фирмата Градба од Радовиш. Проектот во Дедино е дел од бројните хумани акции, донации за заедницата, доделени стипендии за образование, поддршка на науката, културата, спортот, уметноста и поединци за што Адора инженеринг во изминатата деценија има издвоено околу 2,5 милиони евра, оданочени пари.

На осветувањето на новиот дом на Ивана и Јован Трајкови во Дедино, присуствуваше градоначалникот на Општина Конче Благој Јованов кој истакна дека хуманата донација на Фондацијата проф. д-р Ванчо Чифлиганец и Адора инженеринг е од огромно значење за жителите на општина Конче.

Прочитано 159 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

ССК ISO 9001:2008

iso

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Мит.Теодосиј Гологанов 1

Следете не