gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Летна школа на Охридска банка Сосиете Женерал

„Биди Банкар!“ Летна школа на Охридска банка Сосиете Женерал

Интензивна летна школа, во период од 3 до 28 јули 2017, во Охрид

Охридска банка Сосиете Женерал, организира интензивна летна школа за сите заинтересирани студенти кои се во завршна година на додипломски или постдипломски студии, која ќе се одржи во Охрид, од 3 до 28 јули 2017 година.

Концептот на школата е интерактивен со практични и тематски предавања кои ќе им помогнат на младите кадри да се стекнат со професионално искуство во различни области и кариерен развој.

Програмата на школата вклучува различни активности, како практична работа во дирекцијата и експозитурите на Банката во Охрид, тематски предавања од областа на банкарството и финансиите, обуки за меки вештини, предавачи од реномирани компании, како и многу забава, дружење и едукација.

Школата има за цел да ги воведе младите кадри во банкарското работење преку практична работа, да го прошири знаењето на учесниците во повеќе области на банкарството и финансиите, потоа да ги подготви младите за пазарот на трудот преку работилници за меки вештини, како и да овозможи едномесечно дружење, забава, учење и многу интересни активности кои ќе помогнат во понатамошниот кариерен развој на учесниците.

Сите заинтересирани студенти кои се во завршна година на додипломски или постдипломски студии, можат своите Апликации да ги достават на e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. со назнака „Апликација за летна школа“, најдоцна до 12 јуни 2017 година.

Трошоците за храна и сместување во текот на времетраењето на школата, ќе бидат покриени од страна на Охридска банка Сосиете Женерал.

Повеќе информации на www.ohridskabanka.mk

Прочитано 604 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

ССК ISO 9001:2008

iso

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не