gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Хан и Арсовска со приоритети во структурните реформи до интеграција во Унијата

8 јуни 2017, Белград, Србија – Европскиот комесар Јоханес Хан, претседателот на Сојуз на стопански комори на Македонија(ССК), Данела Арсовска и министерот за економија на Албанија,  Милва Економи,   го отворија  „Форумот за унапредување на инвестициската клима меѓу ЕУ и Западен Балкан“ во организација на Генералниот директорат за проширување на Европската комисија.

На првата панел сесија, Хан и Арсовска дискутираа за неопходноста од структурните реформи за подобрување на инвестициската клима, регионалната економска интеграција како и приближувањето кон единствениот пазар на ЕУ.

Евро Комесарот Хан истакна во своето обраќање дека условот за креирање, имплементација и следење на структурните реформи не се дополнителна пречка за земјите на нивниот пат кон членство во ЕУ. 

Од заклучоците за економскиот и финансиски дијалог меѓу ЕУ, државите од Западниот балкан и Турција, произлезе  потребата Република Македонија да усвои сеопфатна и веродостојна програма за реформи во управувањето со јавните финансии, како и да ја намали употребата на постапката за итност во законодавството за да се обезбедат соодветни и систематски консултации со засегнатите страни.

Арсовска во своето обраќање истакна дека потребата за имплементација на програмата за економски реформи од април годинава треба да се постави како приоритет.

Деловното опкружување со чести законски измени и парафискални давачки на различни административни нивоа во континуитет ќе се соочува со предизвици. Главните слабости покрај честото менување на легислативата, се и недоволните консултации на засегнатите страни, но и големиот неформален сектор, како и проблематичниот пристап до финансии за малите и средните претпријатија. Оправдана реформска мерка е намалување на уделот на сивата економија, која не партиципира со приходи во буџетот, а дополнителен ефект е што ја нарушува конкурентноста во приватниот сектор. Севкупно, потребен е фокус на структурни реформи за развој на приватниот сектор и подобрување на конкурентноста,“ изјави Арсовска.

Лидерите на Западен Балкан креатори на економските политики, инвеститорите на ЕУ како и регионалните и локалните бизниси дискутираа за важноста на структурните реформи како средство за подобрување на инвестициската клима, како и зголемено учеството на приватниот сектор во креирањето и спроведувањето на структурните реформи.  

Прочитано 539 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

ССК ISO 9001:2008

iso

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не