gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Објавен конкурс за Националната награда за најдобри општествено одговорни практики

Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) во соработка со Министерството за економија на Република Македонија, Ве информира дека од денес е објавен конкурсот за Националната награда за најдобри општествено одговорни практики на македонските претпријатија во 2017 година, реализирани во периодот од 1 јуни 2016 до 1 јуни 2017 година.

Рокот за аплицирање за Наградата е до 1 септември 2017 година.

Ве известуваме дека и годинава повторно ќе биде доделено Признание за најинвентивен проект или практика, со цел да Ве поттикне да изнајдете нови, различни и креативни начини за реализирање на вашите општествено одговорни практики.

Информативно-едукативната средба за заинтересираните компании ќе се одржи на 3 јули 2017 година, во ЕУ Инфо центарот, со почеток во 13:00 часот.

Во прилог  Ви доставуваме:

  • Оглас за наградата,
  • Формулар за аплицирање
  • Насоки за аплицирање.

Вашите апликации Ве молиме да ги испратите на меил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., контакт лица:  Бети Попова и Диела Сопај од Сектор за поттикнување на општествена одговорност во Министерство за економија на Република Македонија.

 

Прочитано 88 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

ССК ISO 9001:2008

iso

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Мит.Теодосиј Гологанов 1

Следете не