gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Можност за соработка со јапонска компанија Tokyo Rope Manufacturing

Почитувани членови,

Сојуз на стопански комори на Македонија во соработка со Министерството за надворешни работи на Република Македонија и Амбасадата на Република Македонија во Токио, Ве информира дека јапонската компанија Tokyo Rope Manufacturing е заинтересирана да оствари соработка со македонски компании.

Компанијата Tokyo Rope Manufacturing се занимава со производство и продажба на челични кабли, сајли и композитни кабли од јаглеродни влакна кои се поставуваат на карпести подрачја во близина на автопати за безбедноста на патиштата. Исто така, нуди и производи за заштита на животната средина како изолациони ѕидови и мостови монтирани со кабли, а произведува и широк спектар на индустриски машини и метални влакна. Своето работење го спроведува во рамки на 6 филијали во Јапонија и 2 претставништва во странство.

Јапонската компанија истакнува интерес да оствари соработка со компании од Република Македонија кои произведуваат исти или слични производи а во нареден период има можност и за посета на Република Македонија и остварување на директни средби.

Повеќе детали може да погледнете на веб страната на компанијата: www.tokyorope.co.jp.

Доколку сте заинтересирани за соработка Ве молиме да го пријавите Вашиот интерес на е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или телефон: 02 30 91 440.

Прочитано 189 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

ССК ISO 9001:2008

iso

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Мит.Теодосиј Гологанов 1

Следете не