gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Јавен повик до 29 јули: Странски експерти за домашни компании

Третиот јавен повик за проектот „Странски експерти за домашни компании“, беше промовиран во Владата.

Владата на Република Македонија, потврди силната заложба и поддршка на новата влада за раст и развој на домашните компании и како што рече тој, ова е една од мерките што ќе придонесе кон јакнење и зголемување на капацитетите на домашните фирми.

Амбасадата на Швајцарија во Република Македонија и до сите останати амбасади дадоа придонес во овој проект. Суштината на овој проект е да се пренесе know-how од странски експерти во македонските компании со цел да се примени нивото на новите технологии во нашите компании, нивото на соработка со странски компании што имаат поголемо искуство во примената на новите технолошки достигнувања и менаџирање. Овој проект треба да им помогне на домашните компании да го зголемат својот капацитет и своите знаења за да можат да бидат поконкурентни на светскиот пазар.

Досегашните постигнувања говорат дека дури 78% од компаниите се задоволни од користењето на странска експертиза, а 90% повторно би аплицирале за ваква помош.

Рокот за пријавување на овој трет повик е до 29 јули и истото можете да го направите на следниот линк www.stranskieksperti.gov.mk/aplikacija

Компаниите членови на Сојуз на стопански комори на Македонија, во голем дел ги имаат искористено придобивките од проектот.

Прочитано 77 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

ССК ISO 9001:2008

iso

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Мит.Теодосиј Гологанов 1

Следете не