gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Информација за преминување на белоруско-руската граница

Почитувани членови,

Во насока на проследување на бизнис информации, би сакале да Ве информираме дека Министерството за надворешни работи на Република Македонија преку Амбасадата на Република Македонија во Москва ни достави информација во врска со преминување на белоруска-руската граница.

Имено, Ве известуваме дека надлежните органи во Русија ја потврдуваат информацијата за измената на режимот на преминување на белоруско-руската граница по сувоземен пат и тоа за лица и за стоки од Република Македонија. Согласно наведеното, нема да биде овозможен влез, излез и транзит на било какви транспортни средства и државјани на трети земји, вклучително и од Република Македонија, во Русија преку територијата на Белорусија на места кои не се означени како меѓународни гранични премини. 

Прочитано 237 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

ССК ISO 9001:2008

iso

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не