gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Јавен повик за пријавување на интерес на угостителските објекти за сместување во туристичките центри во Република Македонија за организиран одмор на работници со ниски приходи

Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК), во соработка со Министерството за економија Ви го доставува Јавниот повик за пријавување на интерес на угостителските објекти за сместување во туристичките центри во Република Македонија за организиран одмор на работници со ниски приходи.

Согласно програмата за поддршка на домашен туризам за работници со ниски приходи во Република Македонија  (“Сл.весник на Република Македонија“ бр. 120 од 01.09.2017 год.), Министерството за економија објави Јавен повик за пријавување на интерес на угостителските објекти за сместување во туристичките центри во Република Македонија за организиран одмор на работници со ниски приходи.

Основна цел на оваа мерка е да им се овозможи на лицата со ниски приходи да искористат годишен одмор во туристичките центри во Република Македонија и во исто време да им се помогне на туристичките центри во зголемување на обемот на работа надвор од туристичката сезона.

Право на учество на јавниот повик имаат сите категоризирани угостителски објекти за сместување во Република Македонија. За пријавување на интерес угостителските објекти за сместување до Министерството за економија треба да достават:
- Пополнет образец на барање за пријавување на интерес (готов формулар), истиот може да го превземете од следниот линк.

По реализација на организираниот одмор, угостителските објекти се обврзуваат до Министерство за економија да достават копија од Потврдата за користење на организиран одмор за работници со ниски приходи заедно со фактура за наплата на средствата најдоцна до 18.12.2017 година.

Образецот на барањето за пријавување на интерес за користење на средства за организиран одмор може да се подигне во архивата на Министерството за економија или да се обезбеди преку интернет страната на министерството www.economy.gov.mk.

Барањата со комплетна документација се доставуваат во Архивата на Министерството за економија, лично или преку пошта на адреса ул. „Јуриј Гагарин“ бр.15, Скопје до 14.09.2017 година.

Прочитано 161 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

ССК ISO 9001:2008

iso

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не