gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Финансиска поддршка на микро, мали и средни претпријатија за вработување на млади лица до 29 годишна возраст

Почитувани членови,

Во насока на континуирано проследување на бизнис информации како и можности за развој на Вашата компанија, би сакале да Ве информираме дека Агенцијата за вработување на Република Македонија објави оглас за Финансиска поддршка на микро, мали и средни претпријатија за вработување на млади лица до 29 години возраст.

Имено, програмата за поддршка се однесува на микро, мали и средни претпријатија кои ги исполнуваат следните услови:

  • Регистрирани најмалку 1 година сметано до денот на објавување на јавниот оглас;
  • Кои ги имаат измирено сите обврски по основа на даноци и придонеси од задолжително социјално осигурување;
  • Кои немаат остварено загуба во 2016 година;
  • Кои не го намалиле бројот на вработени на неопределено време, три месеци пред поднесувањето на апликацијата, освен во случај на природен одлив (пензионирање или смрт)

(Агенцијата за вработување по службена должност ќе ги обезбеди горенаведените податоци за правните субјекти кои ќе аплицираат на јавниот оглас)

Финансиската поддршка преку програмата може да изнесува од 153.750 денари (за едно ново отворено работно место) до 768.750 денари (за вкупно 5 нови отворени работни места) неповратни средства за набавка на нова опрема и/или материјали. Исто така, Ве известуваме дека поддршката се однесува за секое ново работно место на младо лице до 29 години, со обврска работодавачот ново вработените лица да ги задржи во работен однос со полно работно време најмалку 18 месеци од денот на вработувањето, без да го намали вкупниот број на вработени на неопределно време.

Заинтересираните компании може да аплицираат сo поднесување пријави во работните клубови на 30-те центри за вработување на РМ најдоцна до 31.12.2017 година, односно се до исполнување на предвидениот број на учесници.

Сите останати дополнителни информации, како и огласот, може да ги погледнете на следниот ЛИНК.

За дополнителни информации може да ги контактирате стручните служби на Агенцијата за вработување на Република Македонија на телефон: 02-3298-297.

Прочитано 116 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

ССК ISO 9001:2008

iso

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не