gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

ССК на проглсувањето на топ 100 компании од СКСЗМ

Стопанската комора на Северозападна Македонија по седми пат ги прогласи најуспешните 100 компании меѓу своите членови. Настанот беше проследен од бројн и гости, компании, владини претставници, институции, амбасадори, На прогласувањето присуствуваа г.Драган Митковски, потпретседател на Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК) и г.Александар Зарков, извршен директор на ССК.

Претседателот на СКСЗМ, Неби Хоџа, во услови на двегодишна политичка неизвесност, на надворешни влијанија од мигрантската криза и тешкотии на стопанствата во соседните земји, многу е важно да се поздрават компаниите што благодарение на докажаната професиналност и оптимизам постојано успевале да ги водат своите проекти напред и кои се надева дека ќе продолжат да бидат такви и следната година.

Премиерот Зоран Заев порача дека Владата е отворена за дијалог со бизнис заедницата и оти бизнисмените можат да сметаат на неа како на достоен партнер и сервис кој постои ќе им служи. Како дел од општствената одговорност, наведе Заев, компаниите мора да сметаат на законското работење со чесно плаќање на сите обврски кон државата, додека владините политики мора да се фокусираат и да произлегуваат од постојаниот отворен дијалог со бизнис заедницата за создавање услови за натамошен раст и развој и за поуспешно премостување на  предизвиците со кои се соочуваат на терен.

Селекцијата на најуспешните компании, СКСЗМ ја прави според годишниот обрт, нето добивката, бројот на вработените и инвестициите. Топ 5 компании, според каталогот, се Кипер маркет, Даути комерц, Нептун Македонија, Бас тути фрути и Алма-М.

Во категоријата приходи меѓу прво рангираните се Нептун Македонија, Гемак трејд, Даути комерц, Алма-М, Кипер маркет…

Според нето добивката пак меѓу прво рангираните компании се исто така Нептун Македонија, Алма-М Кипер маркет, како и Бас тути фрути, Даути комерц. Тие компании се во прво рангираните и според број на вработени, а дел од нив е и компанијата Еколог. Според инвестициите за најуспешни се прогласени компаниите Ерјони, Акварису системс, Гега, Темпо рпфили 99, Три трговца…

 

Прочитано 125 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

ССК ISO 9001:2008

iso

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не