gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Oглас за ангажман на Правно лице

Проектот финансиран од УСАИД - „Партнерство за подобра бизнис регулатива”, кој се имплементира од страна на ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал во соработка со Стопанска Комора на Македонија, Стопанска Комора на северозападна Македонија, Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ и Сојуз на Стопански Комори на Македонија, има потреба од ангажман на   правно лице за изработка на програма за спроведување на две дводневни обуки и спроведување на обуките   наменети за правни субјекти кои имаат   овластување за вршење на стручни работи за безбедност при работа, согласно Законот за безбедност и здравје при работа.

Заинтересираните кандидати треба да имаат овластување   за спроведување на обуки за стручно усовршување на стручни лица за безбедност при работа и издавање на сертификат за учество/потврда за бодови , согласно Законот за безбедност и здравје при работа.

Постапката ја спроведува Друштвото за услуги и трговија ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал ДООЕЛ Скопје. Средствата предвидени за оваа набавка се обезбедени преку Проектот „Партнерство за подобра бизнис регулатива“ финансиран од страна на УСАИД. Буџетот за набавката на овој договор е фиксен. Договорот со избраниот понудувач ќе го склучи Друштвото за услуги и трговија ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал ДООЕЛ Скопје.

Временскиот период за извршување на ангажманот е од јануари 2018 година до март 2018 година.

Сите заинтересирани кандидати ги покануваме да аплицираат со испраќање барање за подигање на тендерска докумнетација со назначување на називот на правното лице, седиштето на правното лице , ЕМБС на правното лице и лице овластено за застапување .

Барањето да се достави преку   електронска пошта најдоцна до 26.12.2017 година 16  часот (по локално време) на следната електронска адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

На сите заинтересирани кандидати кои ќе го достават барањето за подигање на тендерска документација , ќе им биде доставена тендерската документација заедно со техничките спецификации.

Сите прашања поврзани со оваа постапка исклучиво треба да се доставуваат по електронски пат на истата електронска адреса.

Прочитано 652 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

ССК ISO 9001:2008

iso

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не