Претседателот на Туристичко угостителската комора при Сојуз на стопански комори на Македонија, Аркан Керим беше панелист на Конференција за развој на туризмот во Македонија во организација на Министерството за економија на РЕпбулика Македонија. На конференција се разговара за дополнување на Стратегијата за развој на туризмот за периодот од 2016 до 2021 година и за потребата од измена на Законот за туристичка и угостителска дејност.
На конференцијата беше презентирана и студија за обезбедување на податоци од областа на туризмот и подготовка на модел за проекција на идни показатели. На конференцијата се обратија државниот советник за туризам и угостителство Шевкет Хазари, деканот на Факултетот за туризам и угостителство од Охрид, Цветко Андреевски и претставникот од „Kohl&Partner“, Трајче Андреевски.