gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Проектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива

Инфо сесија

„Права и обврски кои произлегуваат од Законот за работни односи“

 

Јануари 25, 2018 -  Проектот на УСАИД – Партнерство за подобра бизнис регулатива одржа инфо сесија со фокус на две значајни темиПриоритетни прашања и проблеми за промена на Законот за работни односи“ и „Дискусија на тема практиканство: потреби, искуства и предлози“. Настанот овозможи интерактивна дискусија и размена на искуства помеѓу сите учесници, со цел да се дојде до заклучоци за надминување на постојните бариери во процесот на законска имплементација  и изнаоѓање на соодветни решенија како и подготовки за нов закон како потреба и иницијатива за регулирање на практиканството во нашата земја.

Ова е првата инфо сесија за годинава од вкупно предвидените 20 кои ќе се одржат во повеќе градови од Република Македонија на значајни економски теми, со цел започнување и разговори со бизнис заедницата, институциите, експертите за одредени прашања кои ја засегаат правната усогласеност на компаниите.

 

 

Александар Зарков, извршен директор на Сојуз на стопански комори на Македонија истанка дека темите кои ќе бидат разработени на предвидените инфо сесии,  произлегуваат од истражувањето во кои беа вклучени микро, мали и средни компании со цел да се детектираат и решат предизвиците со кои се соочуваат во секојдневното работење.

Компаниите во нашата земја,  особено микро и малите, поради ограничените ресурси, не можат да ги следат честите промени во законодавството. Затоа потребна е нивна едукација, обука за практична имплементација на Законите, а најважно од се консултација при креирање на нова законска регулатива или измена на веќе постоечката. Токму во таа насока за прв пат сите четири комори заеднички  работат за подобрување на деловниот амбиент. На информативните сесии, заедно со компаниите, експертите и надлежните институции  ги детектираме пречките кои ја отежнуваат практичната имплементација на законите, по што ќе произлезат конкретни мерки кои ќе бидат доставени до надлежните институции за успешна и доследна примена на Законската регулатива како услов за регулирање на значајни еконмски сфери“, изјави Зарков.

На информативните сесиите  ќе бидат опфатени следните теми: даноци, работни односи, пазарна инспекција, лиценци за угостителска дејност, земјоделство и животна средина. Предавачи ќе бидат истакнати експерти во наведените области, кои ќе ги доближат до учесниците законските регулативи на овие теми и ќе поттикнат дискусија. Предлозите од бизнис заедницата ќе бидат дополнително разработени и доставени до Владата на Република Македонија.

Во изминатиот период активно се посветивме на низа активности, со кои целиме кон подобрување на правната усогласеност на компаниите како и подобрување на механизмите за дијалог помеѓу бизнис секторот и владините институции. Преку зајакнување на соработката и развивање на алатки за комуникација помеѓу сите релевантни чинители, се надеваме дека ќе го подобриме процесот на застапување на интересите на бизнис заедницата и ќе овозможиме интегрирање на сите страни во процесот на креирање подобра бизнис регулатива. Ги охрабруваме компаниите да се вклучат во овие настани коишто ќе следат во наредните неколку месеци и да се вклучат во решавањето на оние проблеми кои најмногу го засега нивното работење и успех“, изјави Тамара Тодоровска, ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал.

За вклучување на бизнис заедницата од цела Македонија, преку регионалните комори  информативни сесии ќе се одржат  во: Куманово, Тетово, Кавадарци, Битола, Струга, Охрид, Неготино, Дебар, Прилеп, Гевгелија, Струмица, Штип, Кочани, Кичево и 5 во Скопје, со што ќе бидат покриени сите плански региони.

 

Во наредниот период проектот ќе продолжи да работи на конструктивни решенија за подобра правна усогласеност на компаниите и поддршка на механизмите за јавно – приватен дијалог помеѓу сите засегнати страни. Сите проектни активности ги спроведува ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал и четирите клучни партнери: Стопанска комора на Македонија; Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии - МАСИТ, Стопанска комора на северозападна Македонија и Сојуз на Стопански Комори на Македонија. Преку активно учество во имплементацијата на проектот, коморите воедно ќе ги зајакнат и сопствените капацитети за подобро да ги застапуваат микро, малите и средните претпријатија.

Прочитано 560 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

ССК ISO 9001:2008

iso

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не