gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Арсовска: Сузбивање на нелојалната конкуренција во секторот туризам

Надминување на регионалните проблеми во областа на угостителсвтото и туризмот и развој на заеднички иницијативи предвидува Проектот ХЕЛИКС што ќе се спроведува во наредните две години во Македонија, Албанија, Бугарија и Грција.  Носители на проектот, се шест универзитети за менаџмент и угостителство од Абланија, Бугарија и Грција и Македонско- бугарската стопанска комора. Во проектот се вклучени и универзитетите за туризам и менаџмент од Скопје и Охрид, Проектот нуди иницијативи за размена на претприемачкото учење за одржливост на малите и средните претпријатија во балканско-медитеранскиот регион.

Претседателот на Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК) Данела Арсовска, се обрати на настанот и ја потенцира важноста од сузбивање на нелојалната конкуренција како број еден услов за развој на секторот.  Претседателот на Македонско- бугарската стопанска комора Зоре Темелковски, истакна дека Проектот има за цел преку планираните активности да придонесе кон развој и одржливост на угостителската дејност во регионот и да ги проучи одредбите на клучните носители во секторот угостителство за да се подобри одржливоста на туристичкиот сектор и да се развие стратегија за градење на капацитетите. Покрај тоа, треба да развие алатки за учење на угостителските професии за обезбедување одржлив развој и управување со иновациите и подигнување на квалитетот на староста во овие области, рече

Тој нагласи дека предвидува и заедничко дејствување и вмрежување помеѓу центрите за истражување и развој, вискоообразовните институции и давателите на стручното образование и обука од регионот за подобрување на вештините во секторот угостителство за претприемаштво и иновации, како на национално, така и на транснационално ниво.

На настанот се обратија и министрите Зоран Шапуриќ и Зорица Апостолска, како и претседатели на стопански комори, менаџери, профоесори во секторот туризам и угостителство.

Прочитано 110 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

ССК ISO 9001:2008

iso

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не