gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

ССК: Ивица Јакимовски нов претседател на Градежна комора на Македонија

Ивица Јакимовски д.и.а., генерален директор на градежната компанија „Голден Арт“, е избран за претседател на годишното собрание на Градежната комора на Македонија при Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК). Компаниите членови на Градежната комора на Македонија,  едногласно му го доделија мандатот за следните две години.

Создавање подобра бизнис клима за компаниите од градежниот сектор, соработка со институциите особено во поглед на прилагодување на законската регулатива,  зајакнување на членството во комората и предлагање конструктивни мерки, како и поддршка на енергетската ефикасност преку следење на светските трендови во градежништвото се најзначајните активности на кои ќе работиме заедно со компаниите членови на комората во насока на задржување на стабилноста и просперитетот на градежништвото во Република Македонија“, изјави Јакимовски и додаде дека одговорноста која му ја доверија компаниите претставува дополнителен поттик со засилено темпо да ја води Градежната комора која е отворена да соработува со сите чинители во секторот, експерти, бизнисмени, институции како и образовен кадар со цел развој на оваа значајна стопанска гранка.

Приоритет на Градежната комора на Македонија е барањето за продолжување на повластената даночна стапка од пет отсто за данокот на додадена вредност (ДДВ) за продажба на станбен простор, со оглед на фактот дека во услови на регистриран пад во градежништвото во последните неколку месеци ова е една од мерките за која треба идно решение.

Во услови на зголемувањето на даночната стапка на ДДВ за становите, очекувано е да следи намалување на номиналната вредност на приходи во буџетот по основ на ДДВ поради очекувањата за намалување на прометот на станови за три пати, намалување на вработеноста во градежниот сектор и последователно на сите комплементарни дејности, поточно на 26 поврзани гранки поради намаленото производство на станови“, изјави Јакимовски.

Прочитано 350 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

ССК ISO 9001:2008

iso

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не