gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

ССК: Средба со делегација на Европска банка за обнова и развој

Извршниот директор на Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК), Александар Зарков, оствари средба со делегација на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).

На состанокот присуствуваа г. Франлкин Стивес, ЕБОР, Лондон, г-ѓа Ендрита Хаферај, ЕБОР, Тирана, г-ѓа Маја Антервска ЕБОР, Скопје.

На средбата се дискутираше за можностите за продлабочување на соработката, работа на проектни активности и можности за имплементирање на позитивни практики од регионот, спроведени на иницијатива на ЕБОР. Исто така, беше презентирана програмата за подобрување на Инвестициската клима и владини иницијативи (ICGI) од 2014 година, која ја реализира ЕБОР.

Двете институции во континуитет остваруваат солидна соработка, а компаниите членови во годините наназад користеле бројни програми за унапредување на капацитетите понудени од Европската банка.

Прочитано 655 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не