gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Форум: Инвестиции за долгорочен економски раст

Проектот на УСАИД партнерство за подобра бизнис регулатива одржа форум на тема „Инвестиции за долгорочен економски развој“. Ова е единаесеттиот форум во низата настани организирани од  проектот, со цел започнување на разговори помеѓу бизнис заедницата и јавните институции за одредени прашања кои ја засегаат правната усогласеност на компаниите во Македонија.

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, претставникот на Канцеларијата на УСАИД во Македонија, Дејвид Атебери, претседателот на Сојуз на стопански комори на Македонија, Данела Арсовска и раководителот на ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал, Љубомир Димовски имаа официјални обраќања.

„Од исклучителна важност е регионалната економска соработка којашто отвора перспективи за новите фирми, отвора нови работни места. Допрва ќе се вложува во меѓународната инфраструктура, гасификација и дигитализација, што ќе ја олесни соработката помеѓу фирмите и протокот на луѓе и стоки. Тоа се сериозни шанси за вашите постоечки и нови бизниси. Воедно, преку градење на економијата ќе градиме и подобар живот за сите дома, овде во Република Македонија“, истакна Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, како еден од најважните приоритети за претстојниот период.

Во своето обраќање претставникот на Канцеларијата на УСАИД во Македонија, Дејвид Атебери, рече: „Силен приватен сектор има витална улога во способноста на земјата да биде самоодржлива. За да се развие приватниот сектор, покрај финансиската помош што ја дава владата, земјата има потреба од поедноставено и стабилно регулаторно опкружување. Исто така потребно е и добро владеење како и прилив на инвестиции во нејзината инфраструктура. Драго ми е што гледам дека владата е отворена за конструктивен дијалог со стопанските комори и претставниците од приватниот сектор за овие прашања”.

Претседателот на Сојуз на стопански комори на Македонија, Данела Арсовска, во своето обраќање ја истакна важноста на правната држава и  владеењето на правото како врвни приоритети за инвестирање на компаниите во Република Македонија. „За да се осмели бизнис секторот да инвестира, потребна е стабилност, доверба во судскиот систем и владеење на правото подеднакво за сите. Од големо значење, покрај активните мерки за поттикнување на инвестициите е посветеноста во борбата против корупцијата", изјави Арсовска.

По официјалниот дел на форумот, беа одржани три панел дискусии за проблемите со кои најчесто се соочуваат компании во делот на легислатива, пристап до финансии, како и трендови и иновации во областа на инвестициите.

Проектот на УСАИД партнерство за подобра бизнис регулатива го спроведува ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал во партнерство со Сојузот на стопански комори на Македонија, Стопанската комора на Македонија, Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ и Стопанската комора на северозападна Македонија. Преку активно учество во имплементацијата на проектот, коморите воедно ќе ги зајакнат и сопствените капацитети за подобро да ги застапуваат микро, малите и средните претпријатија.

Прочитано 628 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

ССК ISO 9001:2008

iso

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не