gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Арсовска од самитот во Софија: Новата економска платформа ќе ги поврзе бизнисите на Македонија и Кина

Во присуство на над 1000 делегати од НР Кина и 16. земји од Централна и Источна Европа (ЦИЕ)  во рамки на Економскиот форум на 7. Самит на шефовите на Влади на Кина и 16. земји од Централна и Источна Европа (ЦИЕ), Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) го презентираше проектот за новата економска платформа за Кинеските инвеститори кои планираат влез на европскиот пазар преку која ќе се зајакне трговијата и соработката меѓу бизнисите од Македонија и НР Кина.

Нашата земја е добро стратешки геопозиционирана, што претставува одлична можност за избор на Македонија за отворање на еден од центрите за транзит и дистрибуција на  производите од НР Кина кон регионалниот но и кон западно европските пазари. Воспоставување на платформата  за зајакнување на соработката помеѓу компаниите од Македонија и НР Кина, ќе значи можност за зголемување на трговијата и заеднички вложувања на нашиот пазар“, изјави Данела Арсовска и додаде дека над 20.000 компании од Македонија ќе имаат бенефит од приклучување кон платформата. Со активностите на Сојузот за зголемување на бизнис соработката со НР Кина, со посебен акцент на промовирање на кинескиот мега проект „Еден појас, еден пат" за инфраструктурно и економско поврзување на Азија, Европа, Африка и Блискиот Исток, дава силен мотив за успешна реализација на проектот.

Потпретседателите Габриела Кулебанова и Александар Милошевски, како и претседателот на градежната комора Ивица Јаќимовски остварија директни значајни средби во рамки на Самитот со платформата која се очекува да поврзе над 20.000 македонски компании со кинески инвеститори.

Минатата година во Унгарија ССК оствари успех со потпишување на 7 договори за трговски партнерства меѓу Република Македонија и НР Кина. Претседателот на ССК, е потписник на единствениот договор на балканот за економска соработка со Кина со што за македонските компании се отвори пат за директен пристап на најголемиот азиски пазар. На годинешниот деловен форум ставен е акцент на следните сектори: Високи технологии, инвестиции, индустриско партнерство, заедничко вложување, инфраструктура (вклучувајќи и транспортна и патна инфраструктура, енергетика), земјоделство и туризам.

Во 2017 и во 2016 година по однос на  вкупната надворешно-трговска размена, НР Кина е 7. трговски партнер на Република Македонија. Вкупната трговска размена минатата година според официјалните статистички податоци изнесувала, 506 милиони американски долари. При тоа, остварен е извоз во вредност од 62,2 милиони долари, а увоз од  444,0 милиони американски долари. Во 2016 година,  вкупната трговска размена изнесувала, 469 милиони американски долари, со остварен  извоз во вредност од 47,8 милиони долари, а увоз од  421,2 милиони американски долари.

Прочитано 228 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не