gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Стартува првиот Бизнис Иновациски Центар во Македонија

Започнува со работа Бизнис Иновациски Центар Струмица - BIC SR, прв од таков вид во Република Македонија со седиште во Струмица и своја канцеларија во Брисел. Станува збор за Регионален Бизнис иновациски центар, кој е дел од Европската мрежа на Бизнис иновациски центри EBN и Европскиот Акцелерат преку Europe Start Up Awardпрограмата. Целта и улогата на Центарот ќе биде поттикнување на иновациите и истите да се претворат во производ, да се отворат пазарите надвор од Македонија и да се подобри конкуретноста.

Претприемачите ќе добијат можност за реализација на своите идеи, со бизнис иновациски центар кадешто најдобрите предлози ќе се разработат во проекти и со нив ќе се бара поддршка од домашни и европски фондови но и инвеститори. Во овој центар се вклучени и Сојузот на Стопански комори, но и професори од Штипскиот универзитет и од машинскиот факултет при УКИМ.

Сојузот на стопански комори на Македонија е стратешки партнер во развојот на Бизнис Иновацискиот Центар. Нашите заеднички цели се да го поддржиме развојот и растот на малите и средни претпријатија, иновативните претприемачи и старт-апите односно да дадеме поддшка на развојот на иновативни бизниси.Компаниите членови на Сојузот ќе имаа подиректен пристап да се запознаат со можностите и условите за користење на ЕУ фондовите и истите да ги искористат за развој и идни инвестиции. Пред нас има широко поле на работа и искористување на сите можности заедно со Бизнис Иновацискиот Центар, науката и институциите да дадеме нов елан на претприемачите и да ги поддржиме малите и средни претпријатија да ги искористуваа европските фондови, бидејќи сите знаеме даека тие најтешко доаќаат до капитал“, истакна Кулебанова во своето обраќање.

 На промоцијата присуствуваа и свое обраќање имаа претставници на образовни институции од регионот, министерот без ресор задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија, Зоран Шапуриќ, како и ЛуиџиДел'аквила, раководител на Одделот за европски фондови при Европската академија на регионите со канцеларии во Рим и Брисел и Хуан Мануел Ревалуета, директор на ФИННОВА ЕУ фондацијата.

На свеченоста по повод стартот на Бизнис иновацискиот центар, кој беше означен со ѕвоно, беа доделени и Сертификати на првите ученици во Академијата за EU Fundingменаџери на BIC SR со референца на Европската Академија за регионален развој.

Во рамките на активностите на Бизнис иновацискиот центар денеска ќе биде презентиран проектот „Agritech на Europe startup award“ за поттикнување новитети во земјоделството.

Прочитано 153 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не