gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

ССК кон кампања „Помислете и на нас“ по повод 16 Октомври –Ден на гладта

Светскиот ден на храната 16 октомври и ден на борба против гладта, е ден на акција посветена на справување со глобалната глад. Со одбележување на денот луѓето од целиот свет заедно ја изразуваат својата заложба за искоренување на гладта. Целта е да се подигне свеста на луѓето за проблемот со гладта, како и за достигнувањата на милиони луѓе кои веќе го надминале  проблемот со гладта и ги задоволуваат основните потреби. Светскиот ден има за цел да ги инспирира луѓето во развиените и земјите во развој да ја покажат својата солидарност и да дадат поддршка за да овозможат уште многу луѓе да го  надминат проблемот со гладта и сиромаштијата и да станат независни. Фокусот на денот е дека храната е основно човеково право. Организацијата за храна и агрикултура при  Обединетите нации проценува дека во светот 805 милиони луѓе живеат со хроничен глад, 60% жени и речиси пет милиони деца под петгодишна возраст умираат поради хронична ненахранетост.

Сојузот на стопански комори на Македонија ги поддржува активностите на Црвениот крст на Република Македонија по овој повод и се вклучува во одбележувањето на 16 Октомври со организирање на кампања „Помислете и на нас“, која ќе се спроведе преку сите општински организации на Црвениот крст и Црвениот крст на град Скопје.

Во рамките на кампањата Црвениот крст на РМ се вклучува и во донаторскиот настан „Нахрани 10.000“ – хуманитарна акција за обезбедување на храна, која ќе се организира на 16 октомври од 10 до 19 часот, во соработка со здружението „Ајде Македонија“ преку Црвениот крст на град Скопје и општинските организации на Црвен крст  Битола, Куманово, Прилеп, Струмица, Радовиш, Гевгелија, Гостивар, Кочани и Виница. Оваа акција се организира по втор пат и согласно добиените насоки ќе продолжи да се организира еден ден во месецот до крајот на годината.

Во продолжение повеќе детали во врска со времетраење на кампањата

Активностите во кампањата, ќе се спроведат  во рамките на неделата од 16 до 22 Октомври 2018 година.

Цели                          

  • Покренување на општото мислење на јавноста за проблемите на сиромаштијата;
  • Изнаоѓање на фондови за помош на ранливите лица;
  • Градење на позитивен имиџ на Организацијата на Црвениот крст на Македонија, која посветува внимание во решавањето на проблемите на ранливото население.

Активности

- Промовирање на кампањата преку:

  • Медиуми на национално и локално ниво
  • Е - весник и интернет страните на Црвениот крст на РМ, ЦК на град Скопје и општинските организации на Црвениот крст;
  • Печатење на постер - 1300 примероци (на македонски и албански јазик);
  • Печатење на вредносни бонови – 33.000 примероци од по 20 денари (на македонски и албански јазик);
  • Подготовка на флаер во електронска верзија (на македонски и албански јазик).
  • Акција за обезбедување на донации во парични средства  преку:

сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РМ 300000001327966 Даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка Скопје,

  • Донации од 100 денари со повик на мобилните телефонски броеви:       070/075/077 143 – 400
  • Во текот на кампањата општинските организации на Црвениот крст, можат да ги спроведат следните акции и активности:

- Во соработка со  образовно - воспитните институции:

  • Акција за обезбедување помош во храна во училиштата, наменета за помош на семејства во социјален ризик;
  • Акција за обезбедување парчини средства преку вредносните бонови.

- Во соработка и поддршка од  компании, здруженија на граѓани и  граѓани:

  • Акција за обезбедување на парични средства од корпоративен сектор. Флаерот на македонски и албански јазик во електорнска верзија кој ќе биде доставен до ООЦК и истиот треба да се испрати до компаниите во општините на нивни маил адреси (достапни од интеренет страните или пак да се користи досегашна е-маил евиденција). Флаерот во електорнска форма ќе биде доставен и до стопанските комори кои ќе го проследат до своите членки - компании за нивна вклученост и поддршка во кампањата;
  • Акција за обезбедување на помош во храна - донации од компаниите кои произведуваат таков вид на стоки;
  • Акција за обезбедување помош во храна во соработка со големите маркети;
  • Хуманитарни забави во дискотеки, кафитерии и др.
  • Поставување на штандови на кои ќе се постават промотивни  материјали, вредносни бонови за обезбедување донации.

     Намена на средствата

Средствата донирани во хуманитарните акции во кампањата наменети се за обезбедување на храна за помош на лица во социјален ризик.

Од средствата донирани во акцијата со компаниите, Црвениот крст на РМ ќе подготви  пакети со храна кои преку општинските организации на Црвен крст ќе бидат дистрибуирани до крајните корисници.a

Прочитано 217 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не