gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Почитувани,

Сојуз на стопански комори на Македонија е најголемата независна деловна организација во Македонија. 

Сојуз на стопански комори на Македонија Ви овозможува пристап до информации, бази на податоци, едукација за претприемништво, правни совети, Ви помага во пронаоѓањето на деловни партнери, Ве известува за домашни и меѓународни тендери, овозможува настапи на саеми, обезбедува информации за извори на финансирање. 
 
Делувајќи во рамки на секторските комори, компаниите влијаат на промена во регулативата, коморските контакти се поддршка во контактите со државните институции, како и добра препорака во активностите за јавни набавки, во Република Македонија или интернационалноССК ги познава условите за соработка и бизнис на сите странски пазари и вмрежена е со економски асоцијации и институции ширум светот.

На Вашиот пат кон успехот ќе се соочите со многу предизвици затоа што тоа е составен дел на деловното работење. Во сите овие ситуации, не двоумете се да ни се обратите, преку Вашата секторска комора или координатор.
Сојуз на стопански Комори на Македонија е Ваш партнер во бизнисот и вработените на Комората се достапни за сите потребни бизнис информации и услуги.
 
Доколку сакате да пристапите и станете член на Сојуз на стопански комори на Македонија контактирајте не на: 02/ 3091440 Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.  или со пополнување на пристапна изјава на следниот линк.
 
Придружете ни се и бидете и Вие дел од Водечката Деловна Мрежа на Македонија.

 

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

ССК ISO 9001:2008

iso

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Мит.Теодосиј Гологанов 1

Следете не