Home Blog

НОВ партнерски проект на ССКМ – “Smart Electricity for Buildings-Centers of Vocational Excellence”

0

Сојузот на стопански комори на Македонија го оддржа првиот состанок со партнерите  во Македонија, директорот на Емкице Киц г-дин Илија Вучков и директорот на Регионалниот Бизнис Центар – Југоисточен плански регион, г-дин Ѓоко Камчев, за проектот “Smart Electricity for Buildings-Centers of Vocational Excellence” од програма Erasmus -LS Erasmus Lump Sum Grants со вкупен буџет од 2.995.613 евра.

Целта на проектот “Паметна електрична енергија за згради“ е да се развијат центри за стручна извонредност, да се поддржи паметната специјализација на регионот и да се воспостават меѓународни центри за знаење за системи за извонредност со амбиција да бидат референтни точки за продолжување и доусовршување на професионалците ангажирани во секторот.

Сојузот на стопански комори интензиво продолжува да работи на активности и зајакнување на капацитетите за вмрежување и застапување  за да  се постигне поголемо препознавање, проширено влијание и користење на Европски програми за грантирање.

ССКМ заеднички работи да ги спои капиталот и ресурсите за поддршка на иновативни стартапи, меѓународна менторска мрежа, мрежа за бизнис развој, мрежа на инвеститори, регионални инвестиции и активности за унапредување на бизнис секторот.

АНГЕЛОСКИ: Во „Отворен Балкан“, македонската економија е најслаба

0

– доколку се гледа иницијативата на Отворениот Балкан на долг рок, ја оценуваме позитиво

– краткорочно во овој момент македонската економија има ниска конкурентност со останатите две земји кои имаат одлични економски резултати, раст на полето од туризмот и инвестиции во инфраструктурата со што очекуваме одлив на работна сила од нашата земја

– потребни се реформи во јавната администрација и дигитализација за брзо и лесно добивање на потребни документи, а вишокот од вработените да се интегрираат во приватниот реален сектор

– ако се олеснат процедурите и квотите на краток рок може да се ублажи недостатокот на работна сила со увоз, но долгорочно потребно е планирање на човечките ресурси и преквалификација на одреден број според потребите,а индустријата за долгорочен развој и раст на македонската економија.

Повеќе на линкот https://www.slobodnaevropa.mk/a/angelovski-izgubena-godina-za-sushtinski-reformi-vo-ekonomijata/32853828.html?utm_medium=social&utm_campaign=viber&utm_source=viber

Како од гарантирани до регулирани цени?

0

Мерката гарантирана цена на 1ви март заврши, инспекциите најавуваат засилени контроли за да може да се интервенира во случај на зголемување на цените. Дали производителите на леб, млеко и млечни производи, ќе доставуваат производи по исти цени, дали ќе има поскапување или не?
“Цените се замрзнаа на почетокот на октомври на ниво што го имаа на 1ви август 2023 г, различни ланци на маркети, имаат различни замрзнати цени на исти производи. Нашите контакти со компании покажуваат дека не се најавуваат некои големи промени, на почетокот можни се некои корекции, затоа што поголем број на производи се замрзнати, некои можеби ќе се покачат за некој минимален процент, а некои производи нема да се покачат, ќе останат на истото ниво, како што биле и до сега“, изјави проф. д-р. Орце Симов, потпретседател на Сојузот на стопански комори и претседател на ИКТ комората, на неговото гостување на МТВ.
Повеќе на линкот: https://play.mrt.com.mk/play/570832

Ангелоски: “Веруваме дека бирократските процедури ќе се скратат”

0

“Генерално сите овие идеи кои значат регионализација, проширување на пазарот, можност за соработка на нашите компании со српските компании или директна присутност на српскиот пазар на наши вработени или компани, сметаме дека е дефинитивно еден од основните чекори за еконсомска интеграција на регионот и подобрување на економската клима. Ова дигитално поврзување и скратување на процедурите, многу ќе значи во следниот период, затоа што мобилноста на работната сила и компаниите да можат да изработуваат проекти во сите овие земји од нашиот регион, што ќе биде од големо значење”, изјави  Трајан Ангелоски, претседател на Сојузот на стопански комори, за порталот Косово – он лајн.

Повеќе на линкот https://m.youtube.com/watch?v=zJvp2e-kris

Горан Ѓорѓиевски, потпретседател на ССКМ, гостин во Топ Тема

0

“Законот за нефер трговски практики треба да ги стави во подобра преговарачка позиција производителите на храна наспроти големите купувачи”, рече Ѓорѓиевски

Горан Ѓорѓиевски, потпретседател на ССКМ и претседател на агро-бизнис комората, беше гостин на ТВ Телма во емисијата Топ Тема. Се разговараше на повеќе теми, меѓу кои и престанокот на важноста на загарантираните цени на дел од основните прехрамбени производи, намалените царини за зеленчук, дали граѓаните ги очекува нов ценовен шок, кој е реалниот резултат од антикризните мерки до сега, дали следни за кратење се субвенциите за струја, што ќе спаси законот за нефер трговски пракси.

На овие и други теми повеќе на линкот https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=7791487604203198&id=100033242985412&sfnsn=wa&mibextid=2Rb1fB

Средба на потпретседателот на ССКМ, Горан Ѓорѓиевски со Цветан Трипуновски, заменик министер за земјоделие

0

Денес, потпретседателот на Сојуз на стопански комори на Македонија г-дин Горан Ѓорѓиевски со членки компании од агро-бизнис секторот оствари средба со г-дин Цветан Трипуновски, заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

На состанокот се разговараше за предизвиците со кои се соочува бизнис секторот, се со цел да се слушне нивниот глас, беа  предложени решенија  за промена на моделот за субвенционирање мерки како да се стимулира домашното производство, со поддршка на консултанти да се користат Ипард фондовите интензивно и  преку зголемување на обработливите површини  создавање услови за модерно и конкурентно земјоделско производство, дополнително  да се интензивира соработката со научните институции.

“Битни сегменти се: развојот на земјоделството и руралниот развој, целите на националната земјоделска политика, планирање, следење и процена на националната земјоделска политика, партнерство со социјални и економски партнери од областа на земјоделството, нови  мерки за уредување и поддршка на земјоделски пазари, директни плаќања и рурален развој,нови  форми на организирање и здружување во земјоделството и контрола на спроведување на мерките и надзорот над спроведувањето се насоки каде треба да делуваме”, истакна Ѓорѓиевски.

Сојузот на стопански комори интензивно работи заеднички со бизнис секторот и членките за вмрежување и идентификувaњe на потенцијални можности за соработка , истражување,  инвестиции, развоj и иновации се со цел за подобра бизнис клима за компаниите.

Стручно издание на проф. д-р Орце Симов  „Моделирање и компјутерска симулација на генетски регулаторни мрежи“

0

Проф. д-р Орце Симов потпретседател на Сојуз на стопански комори на Македонија  и редовен професор на Факултетот за информатика на Меѓународен Славјански Универзитет ја издаде книгата „Моделирање и компјутерска симулација на генетски регулаторни мрежи“ кое издание е со детално и систематско истражување посветено  на интеграцијата на најновите истражувања и технички постигнувања во областа на генетското моделирање.

Книгата „Моделирање и компјутерска симулација на генетски регулаторни мрежи“ од авторот проф. д-р Орце Симов детално и прецизно ги опишува процесите на иницијација на транскрипција и синтеза на mRNA молекулите. На оригинален и иновативен начин е дадено проширување на Буловиот генетски регулаторен модел така што тој е доближен до реалноста, но со задржување на дискретноста и логиката на одлучување.

Истражувањето на генетските регулаторни мрежи преку моделирање и компјутерска симулација претставува комплексна и повеќеслојна задача, тоа е интердисциплинарно и вклучува  и претставува пресек на три научни подрачја:

1.Биоинформатика и компјутациона биологија

2.Биолошки системи и генетика

3.Математичко симулирање и моделирање

Книгата обработува тема на молекуларната биологија и генетските процеси  и биоинформатичкиот пристап кон генетските процеси, и се вклучени софтверските модели низ прилози, и дополнително истражување за протеините како работни молекули во клетките со нивната градба и структура,  и системот за кодирање на аминокиселините како градбени блокови на протеинските молекули.

Опишана DNA молекулата како мемориски капацитет поделен на гени во којшто се сместени информации за начинот како да се градат протеини кои понатаму ќе извршуваат работни активности во клетката и ќе овозможуваат нејзино оптимално функционирање во околината,дава опис на процесот на биосинтеза на протеини отсликувајќи ги фазите на транскрипција и транслација.

,,Биоинформатиката како интердисциплинарно поле во книгата  претставува пресек на информатиката, когнитивните науки и биологијата во функција на проучувањето на биолошките системи и процесите што се одвиваат во нив,,истакна проф. Симов

“Истражувањето на генетските регулаторни мрежи преку моделирање и компјутерска симулација претставува комплексна и повеќеслојна задача, пред сè заради фактот што e очигледен веќе во самиот наслов на делото – тоа е интердисциплинарно и вклучува најмалку две научни подрачја: генетика и компјутерско инженерство. Истражувачот кој ќе се определи да зачекори во ова подрачје мора да го поседува клучот за разоткривање на сложеноста на клеточните процеси од една страна, но истовремено да биде вешт информатичар со искуство во користењето на многубројните компјутерски алатки и методи. На авторот на книгата што ја имаме пред нас, професорот д-р Орце Симов, му поаѓа од рака она со што можат да се пофалат малкумина: успешно да го премости јазот меѓу теоретската анализа на сложените процеси во генетските регулаторни мрежи и практичните вештини, алатки и знаења неопходни за моделирање и компјутерска симулација на истите.” – истакна за изданието проф. д-р. Биљана Перчинкова.

“Книгата „Моделирање и компјутерска симулација на генетски регулаторни мрежи од проф. д-р Орце Симов ги истражува и пренесува сложените генетски концепти со висок квалитет. Книгата се карактеризира со детално и систематско истражување, со чија помош авторот ги претставува основните принципи и напредни методи за моделирање и компјутерска симулација на генетските регулаторни мрежи. Ова не само што го збогатува разбирањето на читателите за молекулските механизми, туку и ги поттикнува да ги применуваат добиените знаења во пракса. Квалитетот на содржината се одразува и во актуелните информации и последните технолошки напредоци што ги обработува книгата. Авторот е посветен на интеграцијата на најновите истражувања и технички постигнувања во областа на генетското моделирање, обезбедувајќи му на читателот преглед во најсовремените методи и алатки. ” истакна за книгата Проф. Др. Мирко Спироски

Книгата „Моделирање и компјутерска симулација на генетски регулаторни мрежи“ од авторот детално и прецизно ги опишува процесите на иницијација на транскрипција и синтеза на mRNA молекулите. Книгата претставува значаен придонес и беспрекорно издание од  аспект на интердисциплинарноста и подеднакво разбирлив како за генетичарите, биолозите и припадниците на медицинските дисциплини, така и за компјутерските експерти и информатичарите. Експертите од биоинформатиката, вештачката интелигенција и компјутерското инженерство исто така ќе добијат значајни согледувања и насоки како да се изгради успешен модел на симулација и моделирање и како истиот да се верификува. Книгата го збогатува разбирањето на читателите за молекулските механизми, туку и ги поттикнува да ги применуваат добиените знаења во пракса, обезбедувајќи му на читателот преглед во најсовремените методи и алатки.

Ангелоски ја претстави визијата за зелена транзиција на панел во ЕУ парламентот во Брисел

0

На 30 и 31 јануари 2024 во Брисел во Европскиот парламент  Мрежата ACRID, Мрежата за истражување, иновации и развој на здружени земји кандидати во партнерство со Форумот K4I, организира  настан -,,Подршка на зелена и дигитална трансформација” фокусирани на истражување и иновации ангажирајќи ги јавниот, приватниот и академскиот сектор. Настанот  ги истражува  можностите на ЕУ достапни за земјите-пристапнички и кандидати со  цел да ја зајакнат соработката за да ги подобрат нивните капацитети за иновации. Форумот  е со фокус за зајакнување на  конкурентноста на европската заедница за истражување и развој, особено во однос на целите на Европскиот зелен договор.

На панелот „Поддршка на двигателите на зелената и дигиталната транзиција“ говорник e Трајан Ангелоски претседател на Сојуз на стопански комори на Македонија.На панелот се претстави можноста  и предностите за соработка помеѓу академскaтa зедница  и потребите на индустријата,и инцијативите насочени кон развивање на квалификувана работна сила опремена за новите трендови и технологии и можостите за  соработка со  бизнис секторот.
Целта е да се подобри соработката меѓу академската заедница, приватниот сектор, јавниот сектор, надградувајќи ги вештините и градењето капацитети за зелена и дигитална транзиција преку можноста за вмрежување и идентификување на потенцијални можности за соработка на проекти за истражување и развој  со препораки за политики за да се олесни ефективната соработка, зголеменото финансирање и градењето капацитети долж целиот синџир на вредност на иновациите.

“Со поширока вклученост на граѓанските организации и бизнис секторот Сојузот на стопански комори  ќе делува  за подобрување на градењето капацитети, трансфер на знаење, пристап до иновативни активности за зелена и дигитална транзиција и  за побрз економски раст преку поттикнување на развојот на нови индустрии, технологии и стартапи.Се потенцираат можности за истражување и развој ,нагаласувајќи  го значењето на заеднички иницијативи за истражување , развој  и потенцијалот за пробивни иновации и напредок што произлегува од меѓусекторската соработка. Заедничките заложби можат да поддржат образовни програми кои го премостуваат јазот помеѓу академското учење и  индустријата и иницијативите насочени кон развивање на квалификувана работна сила опремена за новите трендови и технологии.Дополнително искусување на она што Европа може да им го понуди на земјите кандидати и придружните земји од перспектива на различни инструменти и програми и како овие земји можат да го поддржат зелениот договор на ЕУ и новата европска агенда за иновации” истакна Ангелоски.
Сојузот на стопански комори интензивно работи заеднички со бизнис секторот и членките за вмрежување и идентификувaњe на потенцијални можности за соработка на проекти за истражување ,инвестиции,развоj и иновации се со цел за подобра бизнис клима за компаниите.

30 години здрави навики: Виталиа одбележа голем јубилеј

0

На 13 декември, вкусовите танцуваа во славенички ритам, бидејќи македонската компанија за здрава храна Виталиа го прослави својот 30-ти роденден. Во хотелот DoubleTree Hilton беа собрани бројни претставници на компанијата, угледни лица од заедницата, соработници и партнери на Виталиа,  кои уживаа во отмената атмосфера со музичката дива Тамара Тодевска и придружниот џез квартет.

И по цели три децении, Виталиа и понатаму е лидер на пазарот на здрава исхрана, а на прославата беа промовирани сите успешно завршени проекти на компанијата, новите производни линии, саемски претставувања, општествено одговорни кампањи, награди и признанија, а беа најавени и дел од плановите за во иднина.

Роденденската забава започна со проекција на краток филм преку кој Виталиа го претстави 30-годишното патување од мала семејна компанија до она што претставува сега – симбол за здрава храна во Македонија, регионот и пошироко.

Потоа следеше кратко обраќање од основачот г-дин Никола Ветаџокоски, кој ги најави г-ѓа Искра Ветаџокоска-Муцунска и г-дин Димитар Ветаџока,  втората генерација ко-сопственици и управители на Виталиа.

Заокружуваме три децении посветена работа, инвестирајќи во едукација и креација на здрава храна за секого, грижејќи се за секојдневните потреби на денешниот современ потрошувач. Она што ја прави нашата компанија посебна е иновативноста и посветеноста, тоа што таа постојано се движи, во еден правец – напред, со тим кој професионално и посветено го живее сонот на Виталиа. И во иднина ќе продолжиме да работиме напорно за да поттикнеме и поддржиме здрави навики кај сите генерации на потрошувачи. Виталиа пред себе има предизвикувачки период, но токму високите очекувања од вас, нашите верни консументи, клиенти, партнери и пријатели, ни ја даваат потребната мотивација за да продолжиме и да бидеме уште поуспешни.“ –  изјави г-ѓа Искра Ветаџокоска – Муцунска.

„Денес прославуваме успешни 30 години од основањето на Виталиа што е воедно потврда и за успешниот генерациски трансфер на менаџментот на компанијата.  За овие 30 години создадовме искусен тим од професионалци кој успешно ги реализираше сите наши планови и развојни цели. Затоа, ова е првенствено јубилеј на тимот Виталиа, на сите негови вработени, нивната целосна посветеност и секојдневните жртви и залагања за кои искрено сум им благодарен.

Инвестицијата во едукацијата на нашиот кадар како и во најсовремените дигитални алатки и ит технологии ни овозможува ефикасно и ефективно да  менаџираме со процесите на  планирање и реализација на производството. Иновациите на нашиот тим за развој на нови производи ги реализираме со инвестиции во нови, модерни технологии што ни гарантираат производство на производи со највисок квалитет.“ – истакна г-дин Димитар Ветаџока.

Виталиа ја испраќа 2023 како една од најуспешните години во нејзиното постоење, со воведување на многу нови производи и иновативни линии на здрава храна, инвестиции во одржливост, и проширување на нови пазари од различни контитенти и бројни капитални инвестиции примарно насочени кон иднината на компанијата.

Потпишани два меморандуми за соработка помеѓу ССКМ, ФЕИТ и ИНОФЕИТ

0

Денес на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) се потпишаа два Меморандуми за соработка.

Првиот меморандум за соработка беше потпишан помеѓу Комората за информациско-комуникациска технологија и услуги (ИКТ) при Сојузот на Стопански комори на Македонија и Факултетот, претставувани од потпретседателот на Сојузот и претседател на ИКТ комората проф.д-р Орце Симов и деканот на Електротехничкиот факултет проф.д-р Владимир Атанасовски.

Истовремено така беше потпишан и Меморандум за соработка помеѓу ИКТ комората со Центарот за трансфер на технологии и иновации – ИНОФЕИТ при ФЕИТ, во својство на Дигитален информациски Хаб (ДИХ) претставувана од проф.д-р Димитар Ташковски.

Со овие два меморандуми се утврдува рамката во која ќе се реализира соработката за работи од заеднички интерес базирани на научно-стручните, професионалните, материјално-техничките и просторните услови насочени кон унапредувањето на едукативните, истражувачките и апликативните активности од областа на електротехниката и информациските технологии.

НАЈНОВИ НОВОСТИ

НОВ партнерски проект на ССКМ – “Smart Electricity for Buildings-Centers of Vocational Excellence”

0
Сојузот на стопански комори на Македонија го оддржа првиот состанок со партнерите  во Македонија, директорот на Емкице Киц г-дин Илија Вучков и директорот на...

АНГЕЛОСКИ: Во „Отворен Балкан“, македонската економија е најслаба

0
- доколку се гледа иницијативата на Отворениот Балкан на долг рок, ја оценуваме позитиво - краткорочно во овој момент македонската економија има ниска конкурентност со...

Како од гарантирани до регулирани цени?

0
Мерката гарантирана цена на 1ви март заврши, инспекциите најавуваат засилени контроли за да може да се интервенира во случај на зголемување на цените. Дали...

Ангелоски: “Веруваме дека бирократските процедури ќе се скратат”

0
“Генерално сите овие идеи кои значат регионализација, проширување на пазарот, можност за соработка на нашите компании со српските компании или директна присутност на српскиот...

Горан Ѓорѓиевски, потпретседател на ССКМ, гостин во Топ Тема

0
"Законот за нефер трговски практики треба да ги стави во подобра преговарачка позиција производителите на храна наспроти големите купувачи", рече Ѓорѓиевски Горан Ѓорѓиевски, потпретседател на...

© 2022-2023 | Сојуз на стопански комори. Сите права се задржани. Изработено од SERAFIMOV GROUP.