gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Покана за економскиот саем „China International Import Expo 2020“ во Шангај

Сојузот на стопански комори на Македонија во соработка со Амбасадата на НР Кина во Македонија, Ве информира за можноста за Ваше учество на првиот национален светски економски саем „China International Import Expo 2020“ CIIE  кој ќе се одржи од 5 до 10 ноември 2020 во Шангај.

На највисоко ниво,  Владата на НР Кина трета година по ред, ќе им посака добредојде на владини делегации, деловни заедници и компании од целиот свет, за да ги разгледаат можностите кои ги нуди големиот кинески пазар, со особен акцент на зајакнување на трговијата и економската соработка. Саемот е во организација на Министерството за трговија на НР Кина и општината на Шангај во соработка со Светската трговска организација и Организација на обединети нации.
 
Владата на НР Кина дава целосна поддршка на саемот со посебен акцент на извозот, за либерализација на трговијата и економска глобализација за отворање на кинескиот пазар кон светот со цел зајакнување на интернационалната трговија.
 
Минатата година во присуство на бројни делегати, претседатели на држави, премиери, министри од целиот свет, саемот го отвори претседателот на НР Кина, Си Џинпинг.  Присуствиваат повеќе од 3800 изложувачи од 181 земји, регионo  и интернационалнo.
 
Доколку имате интерес за регистрација Ве молиме да не известите на меил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или на тел. 02 30 91 440, контакт лице: Марија Мустрик.
 
Крајниот рок за пријавување е  30 април 2020, а повеќе информации за саемот и за регистрација може да најдете на следниот линк.

Прочитано 710 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не