gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Висок стандард за хигиена и безбедност на сместувачки капацитети со употреба на напредна технологија

Сојуз на стопански комори на Македонија во соработка со „Clean Max Macedonia“ во согласност со донесените протоколи за работа на угостителски објекти за сместување (хотели и други угостителски објекти за сместување), организира он-лине презентација за своите членови за имплементација на висок стандард за хигиена и безбедност со употреба на напредна технологија со цел безбедно и сигурно враќање на гостите во хотелите и другите сместувачки капацитети.

Членовите на Сојуз на стопански комори на Македонија кои се заинтересирани за учество на он-лине сесијата е потребно да го пријават своето учество на е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. најдоцна до 13 јули 2020 (понеделник) по што ќе добијат линк за вклучување на сесијата преку Zoom платформата. Учеството на презентацијата е без надомест.

АГЕНДА

  • Стандард за хигиена и санитизација на хотелска соба Violet star и Протокол за одржување на хигиена во Хотелиерскиот сектор вклучувајки и превенција и заштита од Covid 19 Volet Star
    • Запознавање со стандардот и неговите придобивки
    • Јавно здравствено значење од воведување на стандардизиран пристап во одржување на хигиена во хотелскиот сектор
  • Violet star, Клин Макс метод , УВЦ технологија
    • Violet star сертификат и неговите придобивки
    • Клин Макс Метод
  • Употреба на УВЦ технологија и сертифициран уред за дезинфекција на површини
  • Дискусија и прашања

ПРЕДАВАЧИ

  1. Александра Марковска - Со над 15 годишно искуство во менаџмент и консултантство. CEO / Консултант во Консултантска куќа Квалити Консалтинг. CEO / Консултант во Консултантска куќа Фуд Консалтинг. Автор на книгата “Три чекори за спроведување на стандарди”. Ко Автор на стандардот – Стандард за хигиена и санитизација на хотелски кревет.
  2. Проф. Д-р Драган Ѓорѓев - Доктор по медицина, Професор по хигиена на Медицински факултет Скопје и експерт по јавно здравје и хигиена на животната средина. Ко-Автор на стандардот – Стандард за хигиена и санитизација на хотелски кревет. Автор на “ Протокол за одржување на хигиена во хотелиерскиот сектор вклучувајки и  превенција и заштита од Covid 19.
  3. Дијана Бадаровска Мицова - Генерален менаџер на Clean Max Macedonia. Стекната експертиза и познавање на технологии како замена за стандардно одржување на хигиена. Истражувач на светските пазари и стратегии за справување на хотелите со Ковид 19.
Прочитано 373 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не