gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Прекинот на програма е на штета на граѓаните и фирмитe

Сојузот на стопански комори на Македонија се обраќа во знак на револт како резултат на исклучувањето на програмите од страна на операторите кои се обврзани со договори склучени со компаниите и граѓаните да ги испорачуваат.

Со ваквото однесување се врши оштетување на корисниците кои имаат склучени договори со операторите, врз основа на кои тие очекуваат испорака на услугите за кои плаќаат.

Вакво скандалозно однесување не е забележано никаде, да се исклучува програма за која постојат уредно потпишани договори и за која се има обврска за испорака на услуга кон компаниите и граѓаните. Бараме појаснување според кој член од договорите без прашање и без писмено прифаќање од страна на корисниците, истите ќе бидат обештетени со некој денар намалена претплата, а не со соодветна оштета за прекршување на договорите.

Правото на протест доколку се сака да се искористи, тоа не смее да се прави со оштетување на корисниците и со на овој начин вршење притисок со исклучување на програмата. 

За протест против наводно наметнат пропис, операторите може да се упатат пред институциите кои сметаат дека ги оштетиле, да си го користат правото на штрајк и протест, да преговараат, без да се преземаат дејствија како прекин на услуга, со што ги оштетуваат граѓаните и фирмите.

Очекуваме да се престане со самоволието на камуфлирано во протест, своите права операторитe да си ги бараат институционално, а не на грбот на корисниците и да ги испорачуваат редовно услугите за кои имаат обврска по договор.

Прочитано 456 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не