gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Информација за Повик за изразување на интерес за запишување во Листата на даватели на обуки за дигитални вештини и обуки за дигитални вештини

Сојуз на стопански комори на Македонија во соработка со Министерството за образование и наука Ве информира за Повикот за изразување на интерес за запишување во Листата на даватели на обуки за дигитални вештини и обуки за дигитални вештини. Повикот се објавува согласно Уредбата со законска сила за издавање на ваучери на млади лица за обуки за дигитални вештини заради подобрување на нивната конкурентност на пазарот на трудот за време на вонредна состојба.

Ве информираме дека даватели на обуки за дигитални вештини можат да бидат правни лица кои се регистрирани во Република Северна Македонија и запишани на Листата на даватели на обуки за дигитални вештини и обуки за дигитални вештини која ја води Министерството за образование и наука

Во продолжение Ви ги доставуваме дигиталните вештини за кои можат да се спроведат обуки:

  • управување со софтверски апликации и хардверски компоненти;
  • напредно програмирање;
  • употреба на дигитални технологии чија цел е управување со средства за електронска комуникација и пренос на информации и средства за електронска комуникација; и
  • други поврзани вештини преку кои се овозможува употреба на информациско комуникациски технологии.

Повеќе информации околу објавата за повикот Ви доставуваме на следниот ЛИНК

Во однос на начинот на пријавување Ве информираме дека Барањето за упис во Листата на даватели на обуки за дигитални вештини и на обуки за дигитални вештини, правните лица го поднесуваат преку Порталот www.uslugi.gov.mk на следниот ЛИНК, а барањето го поднесува овластеното лице во правното лице преку својот кориснички профил на Националниот портал за електронски услуги на основно ниво на сигурност.

Барањето содржи податоци за барателот и за обуките кои барателот планира да ги обезбеди.

По евалуацијата, во рок од 10 дена од истекот на рокот за пријавување на правните лица, Дигиталниот форум врши упис на правните лица во Листата.

Известувањето за извршениот упис се испраќа на корисничкиот профил на Порталот на овластеното лице во правното лице преку кое е поднесено барањето за упис.

Ваучерите се реализираат (односно се евидентираат како искористени) во периодот помеѓу 15 август 2020 година и 15 декември 2020 година, на самиот почеток на обуката.

За да бидат исплатени ваучерите, давателите на обуки потребно е да достават до Министерството:

  • извештај за одржани обуки за стекнување со дигитални вештини
  • фактура и
  • доказ (диплома/сертификат/потврда) дека корисниците на ваучери успешно ја завршиле обуката за дигитални вештини.

Во однос на Исплатата Ве информираме дека истата  се врши на следниот начин:

  • почнувајќи од 5-ти во тековниот месец за фактурите доставени во текот на претходниот месец
  • за искористените ваучери во период од 1 декември 2020 година до 15 декември 2020 година исплатата, фактурите треба да се достават до 18 декември и исплатата ќе се изврши до 25 декември 2020 година

За дополнителни информации можете да не контактирате на тел: 02/3091-440 или на е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

Прочитано 465 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не