gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Информација за објавен Јавен повик за отворање на нови работни места

Во насока на континуирано проследување на нови информации кое се однесуваат на стопанството, Сојузот на стопански комори на Македонија во соработка со Агенцијата за вработување на РСМ Ве информира дека е објавува Јавен повик за отворање на нови работни места преку користење кредитни средства.

Пренесуваме краток преглед на јавниот оглас:

Намена: Јавниот оглас е наменет за отворање на нови работни места во правни субјекти (микро, мали и средни претпријатија) кои сакаат да го прошират и развијат сопствениот бизнис преку користење на кредитни средства

Услови: Пријава за учество во овој Проект може да достави правен субјект (микро,  мало и средно  претпријатие) кој:

  • е регистриран најмалку 6 месеци
  • има изготвено годишна сметка за претходната година,
  • има најмалку 1 вработено лице на денот на аплицирањето и
  • не го намалил бројот на вработените лица во последните 3 месеци пред денот на аплицирањето.

Правните субјекти може да добијат кредит во износ од 5.000 евра за секое новоотворено работно место.

Правниот субјект кој ќе вработи невработено лице со полно работно време, има обврска да го задржи на работа најмалку 3 (три) години од денот на засновање на работниот однос.

Условите под кои може да се добијат кредитните средства се следните:

  • Рок на враќање на средствата е 4 години со вклучен грејс период од 1 година,
  • Каматна стапка од 1% на годишно ниво,
  • Гаранција за поврат на средствата со хипотека во однос 1:1 со одобрениот кредит или сопствена меница авалирана од најмалку еден авалист.на кредитни средства.

Јавниот оглас е отворен со 14.08.2020 година, а во целина може да се види на следниот линк.

За повеќе информации контактирајте не на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или на тел. број 02-3091440.

Прочитано 511 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не