gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

За дел од угостителите уште нема протоколи, Комисијата итно да ги донесе за да се превенира хаос

Туристичко угостителската комора при Сојузот на стопански комори на Македонија, денес одржа состанок со Комисијата за заразни болести на која угостителите повторно, ја искажаа неопходноста од креирање и донесување соодветни протоколи кои би се почитувале за контролирано одржување на прослави и настани во угостителските објекти.  Континуирано на состаноците на ТУК со Комисијата за заразни болести, се укажува дека дел од капацитетите во оваа дејност веќе половина година воопшто не работат, поради неизготвување на протоколи, со што се става под знак прашање егзистенцијата на нивните вработени.

 „Туристичко угостителската комора уште на почеток на месец јули, изготви предлог протоколи за работа според кои се предвидува работа во контролирани услови и иако во Комисијата беа оценети како прифатливи, се уште не се донесени. Безбедносниот аспект мора да биде максимално запазен согласно протоколите за работа. Во спротивно како и досега  ќе се соочуваме со приватно во сопствена режија организирање на прослави без соодветни безбедносни протоколи. Во исто време за разлика од семејните прослави, дозволени се концерти и други настани со далеку поголем број учесници за кои има предвидени протоколи.

 Очекуваме Комисијата за заразни болести да донесе препораки за отворање, затоа што состојбите поради недостатокот на протоколи може да излезе вон контрола. Состојбата на сите економски оператори кои директно и индиректно согласно природата на својата дејност се поврзани со угостителските објекти како музичките уметници, фотографи, претпријатија за декорација, накит и голем број други, е крајно тешка и неизвесна“, изјави Мартин Ангеловски, потпретседател на Туристичко-угостителската комора и додаде дека доколку наскоро не се започне со работа овие субјекти нема да издржат да опстојат на пазарот.

Претпријатијата од оваа дејност се адаптираа на новите услови, сите тие се придржуваат на новиот начин на работа, неопходен во услови на моменталната состојба. Во исто време и доколку како и во останатите дејности се донесат протоколи за заштита од ширење на пандемијата, истите ќе се почитуваат во целост и ќе се превенира неконтролирано организирање прослави во домашни услови и приватна режија.

 

Прочитано 460 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не