gb  german  turkey  china  japan  italy  alb  serbia  france  UAE                                       

Субјектите со месеци принудно затворени со Уредба бараат итно донесување протоколи и финансиска поддршка за опстанок

Пред пропаѓање во исклучително тешка состојба се претпријатијата од секторот услуги кои како резултат на владината Уредба се уште се принудно затворени и не се во можност да ја остваруваат својата дејност.

Дополнително нивната неизвесност е голема со оглед на тоа што за нив воопшто не се донесени протоколи за почеток со работа, за разлика од целиот свет каде за сите дејности има утврдени правила за вршење на дејност. Овие сектори се принудно затворени немаат никакви приходи и иако се уште им се генерираат трошоци за плати, наемнини и режиски трошоци за нив веќе со месеци нема никаква финансиска поддршка.

Станува збор за над 1000 субјекти со дејност игротеки, приватни установи за едукација и грижа на деца, објекти за организирани настани како свадби, родендени, крштевки, како и други семејни веселби, кои веќе шести месец не остваруваат никаков приход и финансиски не можат да опстојат во кризата.

Претпријатијата од овие дејности бараат итно протоколи за почеток со работа или доколку се одлучи принудно да останат затворени, да се донесат мерки за финансиска поддршка со кои ќе ја преживеат кризата. Ликвидноста е целосно нарушена, а  со самото тоа и можноста да ги задржат вработените, да ги сервисираат обврските и основните месечни трошоци.

Во континуитет доставувани се писмени барања со издржани предлози до надлежните институции, како и протоколи за работа согласно оние од земјите во регионот и пошироко, каде на овие дејности уште пред неколку месеци им е овозможено да работат.

Доколку се утврди дека нема можност за извршување на дејноста, економските оператори бараат да се донесе економски пакет од шест мерки за финансиска помош за опстанок.

  1. Субвенции за плати за сите досегашни и идни месеци додека се принудно затворени  од институциите, во износ на минималната бруто плата
  2. Одложување од обврските за плаќање кон претпријатијата кои вршат комунални дејности до крајот на годината 
  3. Ослободување од обврските за аконтативно односно однапред плаќање на данок на добивка и персонален данок на доход
  4. Ослободување од плаќање на данок на имот спрема општините и Градот Скопје за месеците за кои принудно не вршат дејност
  5. Мораториум со репрограм за кредитните обврски спрема банките до крајот на годината
  6. Еднократна  парична  помош  за  сите  објекти врз основа на претходно определени критериуми и параметри засновани на годишни приходи и платените даноци во изминатите години.

Со формирање на новата Влада, претпријатијата од овие дејности очекуваат во најкраток можен рок да се реши моменталната состојба, во спротивно својот револт ќе го истакнат на протест. Да се затворат принудно со месеци без услови со кои ќе можат да ја преживеат кризата е нечовечки и помош или деблокада се единствениот излез. 

Прочитано 223 пати

Од Претседателот

Да бидеме лидер и глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст на членовите на комората. Заедно да придонесеме за економската стабилност на Македонија и партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење.

Арсовска Данелa

Интернационална мрежа

F46DCE922CC1E446A2D47D87A78FE9A1

D234AF1A2FFA9C4197F508DA3F41A889

Контакт

 info @chamber.mk
  +389.2.3091440
  +389.2.3091440
  Црвена Скопска Општина бр.10

Следете не