Home Blog

Горан Ѓорѓиевски говорник на настанот „𝐓𝐡𝐞 𝐃𝐢𝐚𝐥𝐨𝐠𝐮𝐞 𝐨𝐧 𝐑𝐞𝐝𝐮𝐜𝐢𝐧𝐠 𝐀𝐠𝐫𝐢𝐜𝐮𝐥𝐭𝐮𝐫𝐞 𝐀𝐠𝐫𝐢𝐜𝐮𝐥𝐭𝐮𝐫𝐞’𝐬 𝐂𝐚𝐫𝐛𝐨𝐧 𝐅𝐨𝐨𝐭𝐩𝐫𝐢𝐧𝐭“

0

Горан Ѓорѓиевски, потпретседател на Сојузот на Стопански комори на Македонија и претседател на Агро-бизнис комората, на настанот „𝐓𝐡𝐞 𝐃𝐢𝐚𝐥𝐨𝐠𝐮𝐞 𝐨𝐧 𝐑𝐞𝐝𝐮𝐜𝐢𝐧𝐠 𝐀𝐠𝐫𝐢𝐜𝐮𝐥𝐭𝐮𝐫𝐞 𝐀𝐠𝐫𝐢𝐜𝐮𝐥𝐭𝐮𝐫𝐞’𝐬 𝐂𝐚𝐫𝐛𝐨𝐧 𝐅𝐨𝐨𝐭𝐩𝐫𝐢𝐧𝐭“, што се одржа во рамките на Карбоника ЕУ на 17 април 2024 година

Тој беше говорник на тркалезна маса 2: Во центарот на вниманието е идентификувањето на потребите и празнините меѓу актерите во земјоделско-прехранбениот сектор во рамките на Carbonica EU, се со цел зајакнување на соработката и изнаоѓање решенија за подобрување на одржливоста низ синџирот на снабдување. Повеќе на линкот: https://youtu.be/-QPVpCXFePo?si=fg2KPmZc17v4Z2Ga

Претседателот на Сојуз на стопански комори на Македонија г-дин Трајан Ангелоски гостин во Дипломатија и Бизнис

0

“Да се поттикнува економскиот раст преку истражувања и иновации се создава иднината на пазарите,и да се фокусираме на извозните пазари и конкуретноста на домашните компании.Вмрежувањето е клучен сегмент во изградбата на меѓусекторска соработка и интернационализација на бизнисите,, истакна Ангелоски

Ангелоски е член на Генералниот Совет на Светската коморска федерација и единствен претставник на деловна мрежа од нашиот регион. Светската коморска федерација како тело на Интернационалната стопанска комора е единствен глобален форум кој ги обединува стопанските комори од целиот свет.Ангажманот во највисокото тело на Светската коморска федерација нуди можности за остварување на поблиски соработки за влез на нови инвестиции во земјата и регионот, изградба на сигурни партнерства за домашните деловни субјекти и вклучување во глобални иницијативи за развој на економијата.

Повеќе на линкот:https://play.mrt.com.mk/play/572339

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА

0

ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6

АП6 воспоставува рамка за либерализација на трговијата со услуги помеѓу ЦЕФТА Договорните страни. Тој предвидува отстранување на ограничувањата на трговијата со услуги, олеснување на пристапот на пазарот и елиминирање на дискриминацијата на странските компании од другите ЦЕФТА страни од страна на домашните.

Трговијата со услуги расте побрзо од стоките. Иако услугите директно сочинуваат само околу 1/4 од глобалната трговиjа, тие придонесуваат за 45% од глобалната трговиjа во смисла на додадена вредност. Ова е затоа што глобалните синџири на вредност се сè повеќе услужно интензивни. Сите бизниси можат да имаат корист од AП6 (дури и во земјоделството и индустријата) бидејќи ќе имаат пристап до поефикасни посреднички услуги. Обврските на АП6 ги либерализираат секторите како што се професионалните услуги (ревизија, архитектура, инженерство, правни, итн.), компјутерските и сродни услуги, телекомуникациите, градежништво, дистрибуцијата, финансиски теуслуги, здравство, образование, туризам и услуги поврзани со патување и транспорт.

Повеќе на линкот: https://chamber.mk/…/Newsletter-CEFTA-AP6-ITC-MKD-FINAL

Централноевропски договор за слободна трговија ЦЕФТА

0

Дополнителен протокол 6 – АП6

АП6 воспоставува рамка за либерализација на трговијата со услуги помеѓу ЦЕФТА Договорните страни. Тој предвидува отстранување на ограничувањата на трговијата со услуги, олеснување на пристапот на пазарот и елиминирање на дискриминацијата на странските компании од другите ЦЕФТА страни од страна на домашните.

Трговијата со услуги расте побрзо од стоките. Иако услугите директно сочинуваат само околу 1/4 од глобалната трговиjа, тие придонесуваат за 45% од глобалната трговиjа во смисла на додадена вредност. Ова е затоа што глобалните синџири на

вредност се сè повеќе услужно интензивни. Сите бизниси можат да имаат корист од AП6 (дури и во земјоделството и индустријата) бидејќи ќе имаат пристап до поефикасни посреднички услуги. Обврските на АП6 ги либерализираат секторите како што се професионалните услуги (ревизија, архитектура, инженерство, правни, итн.), компјутерските и сродни услуги, телекомуникациите,

градежништво, дистрибуцијата, финансиски теуслуги, здравство, образование, туризам и услуги поврзани со патување и транспорт.

Повеќе на линкот: https://chamber.mk/wp-content/uploads/2024/03/Newsletter-CEFTA-AP6-ITC-MKD-FINAL-2.pdf

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА – ЦЕФТА

0

ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 – АП6

АП6 воспоставува рамка за либерализација на трговијата со услуги помеѓу ЦЕФТА Договорните страни. Тој предвидува отстранување на ограничувањата на трговијата со услуги, олеснување на пристапот на пазарот и елиминирање на дискриминацијата на странските компании од другите ЦЕФТА страни од страна на домашните.

Трговијата со услуги расте побрзо од стоките. Иако услугите директно сочинуваат само околу 1/4 од глобалната трговиjа, тие придонесуваат за 45% од глобалната трговиjа во смисла на додадена вредност. Ова е затоа што глобалните синџири на
вредност се сè повеќе услужно интензивни. Сите бизниси можат да имаат корист од AП6 (дури и во земјоделството и индустријата) бидејќи ќе имаат пристап до поефикасни посреднички услуги. Обврските на АП6 ги либерализираат секторите како што се професионалните услуги (ревизија, архитектура, инженерство, правни, итн.), компјутерските и сродни услуги, телекомуникациите,
градежништво, дистрибуцијата, финансиски теуслуги, здравство, образование, туризам и услуги поврзани со патување и транспорт.

Повеќе на линкот: https://chamber.mk/wp-content/uploads/2024/03/Newsletter-CEFTA-AP6-ITC-MKD-FINAL-1.pdf

Интервју со Ангелоски: Наместо ветувањата за плати од над илјада евра, учесниците во изборите треба да имаат реални економски програми

0

Во долгата низа на повеќеслојни причини кои ја поттикнуваат инфлацијата и растот на цените, претседателот на Сојузот на стопански комори- Трајан Ангеловски го издвојува растот на платите како една од подоминантните.

Потребата од почитување на економската логика ја посочува и во однос на цените на прехрамбените производи кои се често поскапи во македонските отколку во европските маркети. Како основна причина го издвојува фактот дека во македонската царинска тарифа постојат царини за одредени производи кои се повисоки од европските.

Повеќе на линкот:

https://lokalno.mk/intervju-so-angelovski-namesto-vetuvanjata-za-plati-od-nad-iljada-evra-uchesnicite-vo-izborite-treba-da-imaat-realni-ekonomski-programi/

Дали ќе има подобрувања во поглед на економијата?

0

Горан Ѓорѓиевски, потпретседател на Сојузот на стопански комори на Македонија и претседател на агро-бизнис комората, во емисијата “24 Отворено” на ТВ 24 вести, разговараше на повеќе теми од областа на економијата, бизнис климата, инфраструктурата, земјоделството, реформите, дигитализација, модренизација и што му е потребно на бизнисот во нашата дршава.

“Околу 15% од компаниите во Македонија се производни компании, тие се есенција во нашето општество, создавачи на реална вредност и креатори на додадена вредност во нашата држава. Според мислењето на Сојузот на стопански комори на Македонија, кон нив треба да се насочат силни и сериозни мерки, затоа што сметаме дека, конкретно претприемништво, иновации, нивниот развој, е клуч за развојот на економијата во нашата држава, производните и извозните компании кои ја создаваат таа додадена вредност. Тука треба да се постави прашањето како тоа да се направи? Никогаш до сега во изминатите 30 години не е обрнато внимание кон овие компании. Дури и во периодот на кризите, клучен елемент беше Македонска банка за поддршка на развој, но кредитните линии кои беа бекап поддршка, во однос на кризите што се случуваа, прво ковид, па енергетска и финансиска криза, имаше само некои, симболични линии помош, од 5 милиони евра за зелена енергија, 10 милиони евра помош од ковид итн. што е симболично и незначајно во однос на потребите на овие компании. Силно сме убедени во Сојузот на стопански комори, дека во развојот на овие компании, микрото да станат мали, малите да станат средни, средните да станат големи, таму е клучот на оваа  бројка на сериозен економски раст, апроксимативно 5, 6 или 7%, кое ќе му овозмоши на нашето општество да се дигне и на едно друго ниво да се подигне самата економија”, рече Ѓорѓиевски.

Повеќе на линкот https://www.youtube.com/watch?v=PnzZQgdoxDo

Интервју со Трајан Ангелоски: Бизнисот бара реформа на јавната администрација

0

Новата година ја стартувавме со прелеани ризици од минатата година, со очекуван реформски застој, притисок за инфлација и секако два изборни циклуси. Трајан Ангелоски, како претседател на Сојузот на Стопански комори на Македонија, во своето гостување во емисијата “Агенда 35” на МРТВ, зборува за тоа со какви очекувања, стравови, но и со какви предизвици, компаниите влегуваат во новата година.

“Оваа тема и овој вид на прашања се доста деликатни, затоа што постојат многу непознаници и во минатиот временски период надворешни влијанија, а оваа година освен тоа што имаме неповолна домашна ситуација со изборите, каде што скоро половина од годината очекуваме дека во овие предизборни случувања, ќе се потроши без некои посебни економско-реформски процеси, што се очекува и од овој неповолен тренд од надворешни пазари, ЕУ, приметуваме какво е нивото на раст во ЕУ, некаде негативно, некаде благо позитивно, меѓутоа е генерално неповолно. Така да ние како една неразвиена економија, треба да се обидеме да видиме, што е можно повеќе да инвестираме во развој на нашата економија со реформски процеси и  зголемување на растот, не треба да ги гледаме овие предизвици дека се клучни, но тие ќе имаат одредено негативно влијание, но ние треба да го дадеме најдоброто од нас и да ја подобриеме климата во нашата економија”, изјави Ангелоски.

Повеќе на линкот  https://www.youtube.com/watch?v=4MO5b-HorXk

НОВ партнерски проект на ССКМ – “Smart Electricity for Buildings-Centers of Vocational Excellence”

0

Сојузот на стопански комори на Македонија го оддржа првиот состанок со партнерите  во Македонија, директорот на Емкице Киц г-дин Илија Вучков и директорот на Регионалниот Бизнис Центар – Југоисточен плански регион, г-дин Ѓоко Камчев, за проектот “Smart Electricity for Buildings-Centers of Vocational Excellence” од програма Erasmus -LS Erasmus Lump Sum Grants со вкупен буџет од 2.995.613 евра.

Целта на проектот “Паметна електрична енергија за згради“ е да се развијат центри за стручна извонредност, да се поддржи паметната специјализација на регионот и да се воспостават меѓународни центри за знаење за системи за извонредност со амбиција да бидат референтни точки за продолжување и доусовршување на професионалците ангажирани во секторот.

Сојузот на стопански комори интензиво продолжува да работи на активности и зајакнување на капацитетите за вмрежување и застапување  за да  се постигне поголемо препознавање, проширено влијание и користење на Европски програми за грантирање.

ССКМ заеднички работи да ги спои капиталот и ресурсите за поддршка на иновативни стартапи, меѓународна менторска мрежа, мрежа за бизнис развој, мрежа на инвеститори, регионални инвестиции и активности за унапредување на бизнис секторот.

АНГЕЛОСКИ: Во „Отворен Балкан“, македонската економија е најслаба

0

– доколку се гледа иницијативата на Отворениот Балкан на долг рок, ја оценуваме позитиво

– краткорочно во овој момент македонската економија има ниска конкурентност со останатите две земји кои имаат одлични економски резултати, раст на полето од туризмот и инвестиции во инфраструктурата со што очекуваме одлив на работна сила од нашата земја

– потребни се реформи во јавната администрација и дигитализација за брзо и лесно добивање на потребни документи, а вишокот од вработените да се интегрираат во приватниот реален сектор

– ако се олеснат процедурите и квотите на краток рок може да се ублажи недостатокот на работна сила со увоз, но долгорочно потребно е планирање на човечките ресурси и преквалификација на одреден број според потребите,а индустријата за долгорочен развој и раст на македонската економија.

Повеќе на линкот https://www.slobodnaevropa.mk/a/angelovski-izgubena-godina-za-sushtinski-reformi-vo-ekonomijata/32853828.html?utm_medium=social&utm_campaign=viber&utm_source=viber

НАЈНОВИ НОВОСТИ

Горан Ѓорѓиевски говорник на настанот „𝐓𝐡𝐞 𝐃𝐢𝐚𝐥𝐨𝐠𝐮𝐞 𝐨𝐧 𝐑𝐞𝐝𝐮𝐜𝐢𝐧𝐠 𝐀𝐠𝐫𝐢𝐜𝐮𝐥𝐭𝐮𝐫𝐞 𝐀𝐠𝐫𝐢𝐜𝐮𝐥𝐭𝐮𝐫𝐞’𝐬 𝐂𝐚𝐫𝐛𝐨𝐧 𝐅𝐨𝐨𝐭𝐩𝐫𝐢𝐧𝐭“

0
Горан Ѓорѓиевски, потпретседател на Сојузот на Стопански комори на Македонија и претседател на Агро-бизнис комората, на настанот „𝐓𝐡𝐞 𝐃𝐢𝐚𝐥𝐨𝐠𝐮𝐞 𝐨𝐧 𝐑𝐞𝐝𝐮𝐜𝐢𝐧𝐠 𝐀𝐠𝐫𝐢𝐜𝐮𝐥𝐭𝐮𝐫𝐞 𝐀𝐠𝐫𝐢𝐜𝐮𝐥𝐭𝐮𝐫𝐞'𝐬 𝐂𝐚𝐫𝐛𝐨𝐧...

Претседателот на Сојуз на стопански комори на Македонија г-дин Трајан Ангелоски гостин во Дипломатија...

0
"Да се поттикнува економскиот раст преку истражувања и иновации се создава иднината на пазарите,и да се фокусираме на извозните пазари и конкуретноста на домашните...

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА

0
ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 АП6 воспоставува рамка за либерализација на трговијата со услуги помеѓу ЦЕФТА Договорните страни. Тој предвидува отстранување на ограничувањата на трговијата со услуги,...

Интервју со Ангелоски: Наместо ветувањата за плати од над илјада евра, учесниците во изборите...

0
Во долгата низа на повеќеслојни причини кои ја поттикнуваат инфлацијата и растот на цените, претседателот на Сојузот на стопански комори- Трајан Ангеловски го издвојува...

Дали ќе има подобрувања во поглед на економијата?

0
Горан Ѓорѓиевски, потпретседател на Сојузот на стопански комори на Македонија и претседател на агро-бизнис комората, во емисијата “24 Отворено” на ТВ 24 вести, разговараше...

© 2022-2023 | Сојуз на стопански комори. Сите права се задржани. Изработено од SERAFIMOV GROUP.